Работниците се движечката сила на економијата и општествениот развој, порачува Владата по повод Меѓународниот ден на трудот.
Владата во празничната честитка на својата официјална фејсбук страница потенцира дека е сојузник на работниците за секое прашање.
– Историското зголемување на минималната плата на 18.000 денари и законот за недела неработен ден се потврда дека грижата и поддршката за работниците е наш приоритет – наведува Владата.