Македонците го повикуваат Илон Маск да ја купи Македонија и да ја тргне претставката „Северна“, придружувајќи се на глобалните апели за инвестирање до најбогатиот човек на светот, додека сите се прашуваат која ќе биде неговата следна зделка по купувањето на компанијата „Твитер“.
– „Илон Маск те молам купи ја Северна Македонија и тргни го она Северна“, „те молам купи ја Северна Македонија за народот најпосле да биде среќен, и те молам однеси ги сите политичари на Марс“, „те молам купи ја Македонија и прати ги сите политичари на Марс, два милиона луѓе ќе ти бидат благодарни“, „Илон Маск, те молам купи ја нашата држава без она Северна, само Македонија. Ќе ти ги дадеме политичарите бесплатно. Знам дека не вредат ништо, но подарок е подарок“, „можеш ли барем да ја купиш Северна Македонија и да го тргнеш нелегалното, навредливото и угнетувачко „Северна“. Благодарам“ – гласат дел од пораките упатени од македонските твитерџии до Маск.
Elon Musk buy North Macedonia and delete that North.
— За Слобода Сакаме ??❤️??❤️??❤️??❤️?? (@gromovnikot) April 28, 2022
Ваквиот тренд за барање инвестиции од Маск повторно се засили откако човекот чие богатство се проценува на 264,6 милијарди долари се пошегува дека ќе ја купи и компанијата „Кока-Кола“. Тоа поттикна бројни шеги на Интернет за следниот бизнис-потфат на сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Спејс екс“.
Next I’m buying Coca-Cola to put the cocaine back in
— Elon Musk (@elonmusk) April 28, 2022
Македонците и претходно се придружија на твитер-кампањата за „пристап“ до милијардите на Илон Маск, меѓу бројните барања за помош и инвестиции од целиот свет кои пристигнуваа до американскиот претприемач преку социјалната мрежа. Македонските корисници на Твитер во 2018 година се обидуваа да го „натераат“ Маск да инвестира во соларни панели во државава, оставајќи му досетливи пораки.
Македонците се обидуваат да дојдат до милијардите на Маск преку Твитер
Маск во неделата постигна согласност за купување на компанијата „Твитер“ во зделка вредна 44 милијарди долари, со што ќе стекне контрола врз социјалната мрежа. Тој најави враќање на слободата на говор на Твитер што наиде на поделени мислења во светската јавност околу можниот изглед на социјалната мрежа под контрола на американскиот милијардер. М.Ж.
Маск се подготвува да го револуционализира „Твитер“ по зделката од 44 милијарди долари