Фото: Маја Јаневска-Илиева

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од утре па до петок ќе протестира секојдневно од 16 до 17 часот, со предвиден протестен марш од Собранието до Владата, барајќи усогласување на платите со минималецот.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски во изјава за медиумите истакна дека ќе останат на улица се додека државата не ги исполни нивните барања за усогласување на платите.

Процесот на преговори за општиот колективен договор се очекува да продолжи неделава, откако Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) доставил предлог до Владата. ССМ преку колективниот договор бара линерано зголемување на платите за 2.806 денари, како и враќање на к-15 за целиот јавен сектор в година. Во новиот општ колективен договор треба да се утврди и нова методологија за пресметка на платите со која ќе се обезбеди нивна редовна корекција.