Фото: Маја Јаневска-Илиева

На 22 април (петок), 24 април (недела) и 25 април (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на општина Центар

Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани.
На 22 април (петок), 24 април (недела) и 25 април (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на општина Центар.

Од ЈП Паркинзи на Општина Центар соопштија дека согласно програмата за неработни денови за годинава на Министерството за труд и социјална политика, 23 април (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

– Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 26 април (вторник) со вообичаено работно време-информираат од ЈП Паркинзи на општина Центар.