Министерот за надрворешни работи за отворањето на бугарскиот културен центар во Битола
Ние сме демократска држава во која сите граѓани и сите заедници подеднакво ги уживаат сите права и навистина нема да дозволиме алиби дека овде се газат човекови права на која било етничка заедница, вклучувајќи ја и бугарската, изјави денеска на брифинг во Скопје министерот за надворешни работи Бујар Османи, зборувајќи за отворањето на културниот дом во Битола.
Спорно овде, појасни Османи, е неговото име, кое тука се смета за контроверзно и провокација, и дека во спротивно и тие би биле дел од настанот.
– Ние го направивме тоа што требаше да се направи. Не дозволивме Северна Македонија да биде прикажана во светот како земја што ограничува права на било која етничка заедница. Не е моја должност да се грижам за имиџот на Бугарија и кои личности ги чествуваат, имаат тие МНР кое треба пред еврејската и светска заедница да објаснат зошто им се важни некои личнсти – изјави Османи.
Барањето за посета на бугарската делегација на отворањето на културниот дом во Битола, Османи рече дека пристигнало од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, а потоа се приклучил и бугарскиот премиер Кирил Петков.
– Се разбира дека една од нашите претпоставки беше дека посетата, токму на центар кој носи име што овде е контроверзно може да има и задни намери, а тоа е дека спорот е спор на човекови права и дека бугарската заедница не ги ужива своите права тука и не ги исполнуваме Копенхашките критеруми – изјави Османи.
Тој нагласи дека отворањето на клубови на бугарска заедница е апсолутно неспорно во Македонија.
– Бугарската заедница има таква можност, слобода и охрабрување да се организира и да ги манифестира своите културни и идентитетски атрибути во било која форма, но не на начин што ги провоцира или го вознемирува останатите граѓани – изјави Османи.
Сметам, посочи Османи, дека тоа беше несреќен избор на име на клуб и дека не може да каже кои се намерите позади тоа.