Полицијата попладнево во село Идризово приведе 22-годишен скопјанец, кој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна од три години.
– На 18 април во 15 часот во село Идризово, Скопско, полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Гази Баба – Потраги го лишиле од слобода е М.М. (22) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување – стои во соопштението на МВР.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.