Бриселските градски власти побараа од тутунската индустрија да се вклучи во подмирувањето на трошоците на собирање опушоци од улиците бидејќи овој вид смет станува сè поголем во главниот град на Белгија.
Писмото вчера беше упатено до подружницата на американската тутунска компанија Филип Морис и двете белгиски компании кои произведуваат цигари, Цимабел и Фетабел.
Властите бараат тие да учествуваат во покривањето на трошоците од околу 200.000 евра потрошени за собирањето на опушоци од улиците.
Дневно ширум Белгија на градските улици се фрлаат околу 10 милиони опушоци, а најмногу во Брисел и околината.
Во 2018 година беа изработени повеќе проекти со цел олеснување на собирањето опушоци.
На улиците се поставени апарати за гасење оган, а на посетителите на разни фестивали и слични манифестации им се делат џебни пепелници.
– Тоа нè чинеше 203.500 евра – велат градските власти во Брисел.