Македонскиот првак на домашен терен ќе се обиде да стигне до елитната јадранска конкуреФнција
КОШАРКА – ЗАВРШЕН ТУРНИР ВО ЛИГАТА АБА 2
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани честа на македонската клупска кошарка на претстојниот завршен турнир од лигата АБА 2, кој ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, од денеска до недела. Во конкуренција за највисокиот пласман се следниве осум екипи: МЗТ Скопје, Борац Бања Лука, Младост Земун, Хелиос, Златибор, Сутјеска, Широки, Спарс.
– Сакам да ги поканам гледачите во наредните четири дена да бидат дел од празникот на кошарката. Со малку среќа, се надевам МЗТ Скопје ќе биде победник и сите ќе го прославиме враќањето на клубот во елитната АБА-лига. Здравствениот билтен е одличен, сите се подготвени и свесни за тежината на завршниот турнир. МЗТ Скопје секогаш цели кон врвот, но одиме чекор по чекор. Прво сме насочени кон Сутјеска, денеска од 18 часот. Сметам дека можеме да придонесеме кошарката во Македонија да оди чекор погоре – изјави на прес-конференцијата извршниот директор на МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски.