Бугарите во Македонија во никој случај да не се окарактеризираат како малцинство, апелираше бугарскиот претседател Румен Радев до советниците за надворешна политика на премиерот Кирил Петков, пренесе БГНЕС. Радев нагласи оти очекува бугарската влада строго да се придржува кон Декларацијата на Народното собрание и волјата на Бугарите за решавање на отворените прашања пред почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
– Секое отстапување на власта од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова политичка криза. Потсетувам дека бугарската позиција во однос на евроинтеграциите на Македонија се заснова на јасно дефинирани принципи и на резултати, а не на надворешно наметнати услови – порача Радев.