Во прилепската болница „Борка Талески“ денеска со доделување на признанија на раководителите на сите одделенија во болницата од страна на директорот Кети Смилеска беше одбележан 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Притоа, директорката Кети Смилеска посочи дека континуирано се води грижа за здравјето на граѓаните и дека со надчовечки напори усепале да ја зауздат пандемијата од ковид-19. Моментно само тројца пациенти се хоспитализирани од ковид- 19 од кои еден е на кислородна поддршка. Но, Смилеска, вели дека дали постковид или има други причини, за кои ќе се вршат анализи, е зголемен бројот на пациенти особено во интерното, хируршкото и нервното одделение. Односно моментно има хоспитализирано околу 70 пациенти.
-Лекарите и останатиот медицински и придружен пересонал се надминаа себе си и го ставија под контрола ковид-19. Сепак сме претпазливи и продолжуваме со почитување на упатствата на здравствените власти. Во изминатите две години маскимално се вложија сили за заштита на граѓаните и сметам дека здравствените работници го дадоа досега најсилниот придонес – изјави денеска на прес конференција по повод Светскиот ден на здравјето директорката Смилеска.
Во болницата покрај редовните зафати за осовременување и за кадровско екипирање, при крај е ставањето во функција на апаратот за магнетна резонанца. Останува вработените да имаат уште една обука и од мај апаратот да им биде на услуга на пациентите. Апаратот е современ и модерен.
Инаку, наскоро итната медицинска помош треба да биде префрлена во објект на болницата, а со вакцинацијата биле аплицирани околу 66 илјади вакцини, од кои речиси половината се со две дози.
Ка.М.