Приватно возило утрово удри во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт, соопшти полицијата.
Во извештајот на Државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 6.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот загинал на самото место.
На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот.
На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека автомобилот е зафатен од пламен додека припадници на обезбедувањето трчаат нив областа.
Според полицијата, пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот успеале да го изгаснат пожарот.
Засега нема информации за евентуалниот мотив или други детали.
Руската амбасада во Букурешт добила закани за бомба, изјави рускиот амбасадор во Романија, Валериј Кузмин.
Според дипломатот, во Романија постепено се развива многу напната атмосфера.
– Амбасадата постојано добиваше директни закани преку електронска пошта – дека ќе ја кренат во воздух, ќе бидеме отруени и слично – изјави амбасадорот за ТВ-каналот Русија 24.
Да потсетиме, едно лице загина откако утрово со автомобил удри во капијата на руската амбасада во Букурешт.
Романија, која има долга копнена граница со Украина, прими повеќе од 600.000 бегалци откако Русија ја нападна таа земја.