Претстои нова рунда преговори, затоа што ние се стремиме кон мир, навистина, без одлагање. Како што ме информираа, постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција. Тоа не е лошо. Да го видиме резултатот, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака, објавена рано утринава од претседателската канцеларија.
-Нашите приоритети во преговорите се познати. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина се несомнени – рече тој.
Зеленски истакна дека „ефективните безбедносни гаранции“ за Украина се „задолжителни“.
-Нашата цел е очигледна – мир и што поскоро враќање на нормалниот живот во нашата земја – додаде тој.
Директните разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Володимир Зеленски би биле „контрапродуктивни“, оцени рускиот министер за надворешни работи.
-Путин рече дека никогаш не одбил да се сретне со претседателот Зеленски. Единственото нешто што го смета за суштински важно е овие состаноци да бидат добро подготвени – рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телевизиските коментари за новинарите, откако Зеленски повика на средба со неговиот руски колега.
Лавров рече дека сегашната криза „толку долго тлее, сите овие години, што се создадоа огромен број проблеми, затоа само состанокот и размената на мислења … мислам дека сега би било контрапродуктивно“.
Зеленски и Путин се сретнаа само еднаш на разговори во Париз во 2019 година.