Фото: Сајт на „Парни Ваљак“
Моментот кога синот на Аки, Кристијан ја повика публиката да ја осветли салата со своите мобилни телефони беше најемотивен вчеравечер. А додека сите во салата ја пееја песната „Гледам је док спава“, Кики заплака….

Фото: Саша Хузјак, Сајт на „Парни ваљак“

Повеќе од 15.000 луѓе вчеравечер во загрепската „Арена“ го славеа животот на Аки Рахимовски на концертот на „Парни ваљак“ и пријателите, насловен „Доволно е да кажеш Аки…“. Тоа беше вечер на емоции, но и потсетување на она што за хрватската, но и за рагионалната музичка сцена значеше Аки, но и легендарниот „Парни ваљак“.

– Слушајќи ги бројните хитови уште еднаш можевме да сеп отсетиме зошто „Ваљак“ е музички и продукциски космос за сите бендови, не само во Хрватска, туку и на просторите на екс Југославија – коментираат хрватрските медиуми.

Концертот беше отворен со звуците на песната „За мало њежности“ што со својот бенд, меѓу последните ја сними Аки.

Обраќајќи се до бројната публика, водачот на групата Хусеин Хасанефендиќ-Хус рече дека на овој концерт нема да се тагува, туку ќе се слави животот на Аки. И навистина беше така.

Самиот Хус на почетокот ја отпеа „Заставе“, а потоа песните на „Ваљак“ ги пееја голем број гости-пејачи.

Синот на Аки, Кристијан ги изведе „Загреб има исти позивни“, а подоцна и прекрасните балади „Гледам је док спава“ и „Када ме дотакне“. Моментот кога ја повика публиката да ја осветли салта со своите мобилни телефони беше најемотивен вчеравечер. А додека сите во салата ја пееја песната „Гледам је док спава“, Кики заплака….

Тешко е да се набројат сите гости на овој прекрасен концерт. Перо Галиќ пееше „Пролази све, зар не“, Масимо – „Само да знаш“ и „Пусти нек траје“, Филип Рудан – „Страница дневника“, „Остани с њим“ и „А где је љубав“, а Нина Бадриќ ги пееше „Немирно море“ и „Вријеме љубави“.

Дино Јелушиќ, за кого на социјалните мрежи се коментари дека може да биде нов пејач на „Парни ваљак“ ги изведе „Љубавна“, „Јесен у мени“ и „Доѓи“, во прируджна на публиката од почетокот до крајот.

Една песна изведе и придружната вокалистка на „Ваљак“, Тина Кресник, а гости на концертот беа и: Нермин Пушкар и Нено Белан. На одушевуавње на публиката се појави и Бајага кој ја испеја песната „Године пролазе“, а при крајот Давор Гобац во својот екплозивен стил ја исполни „Лутка за бал“.

Последниот гостин на коцнертот во чест на Аки беше Џибони кој ја отпеа „У пролазу“.

Речиси три часа во загрепската арена одекнуваа песните на „Парни ваљак“ кои ги потстеија сите присутни зошто бендот е толку голем.

– Прекрасен концерт, убав, но и тажен истовремено. Сите пееја убаво, но никој тоа не го прави како единствениот Аки Рахимовски – реагираа на заминување присутните.

Инаку во Битола, пред еден месец се одржа концерт во чест на Аки Рахимовски, кога наши познати пејачи ги пееја неговите песни.

Иако уште како дваесетгодишник Аки го напушти Скопје и се пресели во Загреб, каде изгарди кариера за почит и стана легенда, тој никогаш не ја заборави својата Македонија, која како што велеше засекогаш е во неговото срце.

М.Т.