Руското Министерство за надворешни работи реагираше на денешниот Самит на НАТО.
Во соопштението се наведува дека одлуката да продолжи поддршка за Украина укажува дека Алијансата сака да продолжи судирот.
– Одлуката на Западот да испрати оружје ја поттикна украинската Влада да употреби сила против сепаратистичките енклави, кои имаат поддршка од Русија во источна Украина – истакнува руското Министерство за надворешни работи.
Русија претходно изјави дека луѓето во сепаратистичките региони се соочени со геноцид.
Столтенберг: Малку е веројатно дека ќе има војна меѓу Русија и НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека смета оти е малку веројатно дека ќе има целосна војна меѓу Русија и алијансата.
Сепак, тој посочи дека ситуацијата во Украина е крајно непредвидлива, а НАТО се соочува со нова реалност и мора да биде подготвен на долг рок.
Поради војната во Украина, НАТО ќе му го продолжи мандатот на Столтенберг за уште една година.