КОШАРКА – ЕВРОЛИГА

Финалето за кошаркарската Евролига за сезонава ќе се одржи во Белград (Србија). Првично беше планирано Берлин (Германија) да биде домаќин на четирите најдобри кошаркарски тима на Стариот Континент сезонава, но поради мерките поврзани со ковид-19 во Германија, според челниците на Евролигата, тој е префрлен во Белград.
Полуфиналните дуели се закажани за 19 мај (од 18 и од 21 часот), мечот за третото место е на 21 мај (од 16 часот), а натпреварот за европската титула е истиот ден (од 19 ч.).
Белград беше домаќин на истиот настан пред четири години, кога шпански Реал Мадрид стигна до својата рекордна 10-та европска круна. Белград сега им се приклучи на Барселона, Мадрид, Берлин и на Истанбул, кои неколкупати го организираа завршниот турнир во Евролигата.