Украинскиот Парламент денеска во прво читање усвои нацрт-закон со кој на Украинците им се дозволува да носат огнено оружје и да реагираат во самоодбрана.
– Усвојувањето на тој закон е целосно во интерес на државата и општеството – изјавија авторите на нацрт-законот.
Тие тврдат дека донесувањето на тој закон е неопходно поради, како што велат, заканите и опасноста со кои се соочуваат граѓаните на Украина.