Ракометарите на Еурофарм и на Струга го задржаа победничкиот ритам и, по три кола, се со максимален ефект од три победи и девет бода во Суперлигата за мажи. Еурофарм славеше на гостувањето кај Пролет со 26-22, додека Струга забележа важна победа на гостувањето кај Радовиш, со 35-32.
Новајлијата Бутел, пак, го направи најголемото изненадување во 3-то коло, победувајќи го битолски Пелистер со 29-26. Минимална но значајна победа забележа Вардар јуниор во дуелот со Прилеп, 29-28, а очекувано висока победа од 41-26 славеше Охрид на гостувањето кај Борец.
Кај девојките, пак, Стружанка и Спартак одиграа без победник, 21-21, Металург и Гевгелија 30-18. Во другите мечеви Вардар синоќа гостуваше кај Деспина во Прилеп, а Овче Поле му беше домаќин на ЦЕМС. Мечот меѓу Куманово и Пелистер е одложен за четврток.