Во општина Тетово во првите два часа до 9 часот од гласањето на референдумот своето право го искористиле 2,21 отсто од гласачите. Гласањето се одвива тековно и без проблеми по отворањето во 7 часот.
– Општинската изборна комисија на Тетово има надлежност на 117 избирачки места и изјаснувањето за референдумското прашање се одвива без проблеми, изјави претседателот Артан Адеми.
Во останатите општини во Тетовско, до 9 часот во општина Боговиње гласале 1,73 отсто од 27. 332 запишани избирач. Во општина Брвеница, 1,52 отсто од 14.506 гласачи. На гласањето во општина Желино има 1,96 отсто излезност од 23.229 граѓани. Процент од 2,19 од 10.200 жители бележи општина Јегуновце додека во Теарце гласале 2,44 отсто од 22.054 гласачи. А.С.