Теми на денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Белград на разговорите со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ беа од економски аспект, пред се на јакнење на енергетската соработка особено во поглед на гасното поврзување и инфраструктурата, како и иницијативата за зеднички енергетски и гасен пазар на регионот, јави дописникот на МИА од Белград.
На почетокот на прес-конференцијата со Петков, српската премиерка кажа дека „она што е исклучително значајно, немешајќи се во внатрешни прашања на други држави и партнери е што вашата прва посета беше на Северна Македонија, што говори доволно што вие како премиер посветувате внимание на регионот на Западен Балкан и на евроинтеграциите на Западен Балкан.“
– Мене како премиер на прво место ми се евроинтеграциите на Србија, но заради регионалната стабилност на целиот Западен Балкан исклучително ми е важно да видиме напредок на европскиот пат на нашите партнери и пријатели од Севрна Македонија, секако и на Албанија и БиХ и благодарам што со тој пат покажавте исклучителна посветеност на решавањето на сите отврени прашања, за да сите имаат европска перспектива – изјави Брнабиќ.
Таа изрази благодарност до Бугарија за отварање на кластерите на Србија во преговорите со ЕУ и порача дека ја бара бугарската подршка за орварање и на кластерот три.
Брнабиќ и Петков на прес-конференцијат истакнаа дека Софија и Белград меѓу другото се заинтересирани и за заеднички гасен и енергетски пазар.
Според Петков, регионалното поврзување е важно за Софија како услов за економски развој, со акцент на енергетската поврзаност.
– Заедно сме многу посилни и во преговорите со земјите надвор од регионот, нашата поврзаност со Грција е приоритет за Бугарија за да има директен пристап до течен гас, а постои голем потенцијал за заеднички пазар на гас – изјави Петков.
Верувам дека ќе успееме во тоа во краток рок, кажа тој, додавајќи дека тоа подразбира врски со Северна Македонија и Грција кои можат да се обединат во зеднички пазар, заедно со инфраструктурното поврзување.