Медицински совет
Во зима имаме нагласена потреба да внесуваме повеќе витамини, за да го зајакнеме имунитетот и да спречиме настинки. Меѓутоа, многу е важно кога и како ги користиме во текот на денот, ако сакаме поголема ефикасност.
Железо: како што наведува порталот „Делти“, идеално би било железото да се зема на празен стомак, но познато е дека може да предизвика мачнина. Стручњаците советуваат да се зема со оброк, бидејќи така најубаво ќе се разгради.
Магнезиум: бидејќи ги зајакнува коските, ги намалува болките во мускулите и добар е за здравјето на срцето, најдобро е да се зема пред спиење.
Витамин Ц: исклучително е важен за зачувување на имунитетот, а со него се ослободуваме и од отровите од телото. Треба да се користи секогаш во исто време и не на празен стомак.
Витамини Б: тие го чуваат нашето тело од разни опасности, а идеално е да се земаат наутро, зашто на телото му даваат енергија.
Калциум: ако го пиете секојдневно за појаки коските, поделете ја дозата на два дела и пијте наутро и навечер. Премногу калциум може да предизвика камен во бубрег.
Витамин Д: се раствора во масти, па така треба и да се зема, на пример со рибино масло, времето не е толку важно.
Фото: https://rcphotostock.com – © rcphotostock (7694)