По серијата земјотреси кои ја погодија Битола во текот на јануари, битолчани поднесоа 2.677 барања за надомест на штетите кои ги претрпеа. Ова го соопшти градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на денешната седница на Советот.
Во врска со состојбата предизвикана од серијата земјотреси кои беа почувствувани во Битола, сакам да ја информирам јавноста дека на објавениот повик од страна на Општината, примени се 2.677 барања за надомест на штети. Формирани се комисии кои ке ги разгледуваат барањата во следниот период и се надевам дека многу брзо ке успееме да постапиме по барањата кои ги исполнуваат условите за надомест на штета. Во врска со постапката за проценка на штетите, минатата недела на состанокот со претставници од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, се договоривме во текот на оваа недела, стручните лица од ИЗИИС да им одржат обука на членовите на комисиите кои ке вршат проценка, во врска со што истите треба да се обучени согласно Законот за заштита и спасување – рече Коњановски. М.М.
Коњановски бара Владата да се вклучи во санирање на последиците од енерегетската криза
Енергетската криза која ја тресе, не само Македонија туку и Европа, не ја одмина и Битола. Според градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, Општината Битола, по раскинувањето на договорот што го имала со приватната фирма за снабдување со електрична енергија досега претрпела штета од 16 милиони денари.
– Битола во изминатите двамесеци за електрична енергија плати ни помалку ни повеќе туку 16 милиони денари. Очекувам Владата, а во таа смисла и министерите од Битола да се заложат да ја надминеме енергетскатакриза на тој начин што дел од тие трошоци да ги преземе централната власт – рече Коњановски. М.М.