Бог се јави, честит празник. Многу сум радосен што го фатив крстот. Ова го изјави 13-годишниот Марко Ристески кој го фати крстот што се фрлаше во кругот на црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп. Ристески првпат решил да скокне по крстот.
– Возбуден сум. Иако малку ми студеше, сепак сум радосен. Годинава очекувам среќа и радост. Од пред неколку години сакав да скокнам, ама еве сега бил моментот – рече Марко, кој е осмо оддделение во ОУ „Рампо Левката“.
Градоначалникот Борче Јовчески рече дека денес е голем ден.
– Свет ден е денес. На овој ден, порано имаше многу повеќе верници, но сега поради пандемијата манифестацијата се одрѓа со рестрикции. Симболично за да продолжи традицијата. На граѓаните им го честитам празникот, а на Марко му посакувам здравје, среќа и радост. Догодина помасовно да го одбележиме празникот во духот на нашата традиција – рече Јовчески, кој на Ристески му подари златен крст.
Во чинот на барањето на крстот учествуваа вкупно 12 деца, а Марко како подарок од аптеките „Зегин“ доби и машина за перење. Ка.М.