Тимови од градот составени од претставници кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните и претставници од јавните претпријатија во надлежност на градот, почнаа со проценка на состојбата со заборавените населби во градот и изготвување на акциски план за спроведување на проекти за овие населби.
Тимовите кои делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните. Почнаа со теренски активности за процена на состојбата со заборавените населби, преку средби со граѓани, претставници од месните и урбани заедници во општините во градот Скопје.
Денес еден од тимовите во Општина Гази Баба на терен разговараше со граѓаните и презема дел од податоците неопходни за теренската проценка.
По завршување на теренската работа, се преземаат активности за креирање листа на проекти неопходни за надминување на предизвиците со кои се соочени граѓаните, со акциски план за спроведување на истите.
Најголемиот број жители во оваа општина истакнаа предизвици со водоводната мрежа, инфраструктурана на улиците, потребата од тротоари за безбедно движење, како и соодветна светлосна сигнализација
Градоначалничката на Град Скопје ги почна средбите со месните и урбаните заедници токму од Општина Гази Баба минатиот месец, каде сите претставници имаа можност детално да ги образложат предизвиците со кои се соочуваат жителите на оваа општина.