Фото: Маја Јаневска-Илиева

Кризниот штаб ќе има состанок од 20 часот, на кој во консултација со Комисијата за заразни болести, треба да се разгледа прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и во средното образование.

Ова е одлучено на денешната седница на Владата, на која беше продолжено работењето на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за справување со последиците од пандемијата. Со работата на ГККШ ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски.