Еминентниот австралиски весник „Ејџ“ објави карикатура oд светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, која ги разгневи неговите обожаватели.
Откако министерот за имиграција Алекс Хок вторпат му ја одби визата на тенисерот, по што му се заканува депортација од земјата, илустраторот Мет Голдинг, аферата која е актуелна во светот, ја преточи во карикатура.
На неа се прикажани Ѓоковиќ и Хок со контејнер што гори.
Министерот му ја уништува визата на тенисерот, а од разглас се слуша: „Предност за ваксерите“. Контејнерот, пак, во кој е тенисерот, е означен со парафразирано лого на „Австралија опен“.
Така, буквата А е составена од два шприца, а О е симболот за коронавирус.