Јавното претпријатие „Лајка“, кое е задолжено за хуман третман на уличните кучиња, упати апел до граѓаните на Скопје да ги пријавуваат агресивните кучиња и кучињата што одат во глутници.
– ЈП „Лајка“ – Скопје ги известува сите граѓани на градот Скопје што се соочуваат со проблем од глутница кучиња или агресивно куче во нивното населено место, да испратат пријава на електронската адреса [email protected], за да може екипата на ЈП „Лајка“ да постапи на терен по нивната пријава – информираа оттаму.
Како што велат од „Лајка“, пријавата е потребно да содржи фотографии или видео од кучето или глутницата кучиња.