Повеќе од половина од населението во Европа се очекува да биде заразено со омикрон сојот на коронавирус во следните шест до осум недели, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, а пренесе „Ројтерс“.
– Во Европа, во првата недела од 2022 година се регистрирани повеќе од седум милиони новопријавени случаи на ковид-19, што е повеќе од двојно во период од две недели. „Со ова темпо, Институтот за здравствена статистика и евалуација предвидува дека повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со омикрон во следните шест до осум недели – рече Клуге на прес-конференција.