Со Бадникова поворка и со пеење на песната Вечниот Бог, Кондакот и Тропарот на Рождество Христово, црковното хорче од „Св. Кирил и Методиј“ денеска во центарот на Прилеп го најави раѓањето Христово. Манифестацијата, во организација на „Бадникови поворки“ беше симболична со цел да се најави празникот и да се продолжи традицијата.
Симболиката, изјави отец Веле, е да се прикаже раѓањето Христово, да посакаме здравје кај децата, граѓаните.
– Бадниковите поворки се ставени во мирување поради пандемијата, но вака симболично со пеењето на песните покажавме дека сме тука, го одбележуваме празникот и дека догодина поворката ќе биде подостоинстевна и поголема – посочи отец Веле.
Претходните три дена пред параклисот на заштитникот на градот Св. Никола, се организираше хуманитарната акција Црвен тепих на хуманоста, при што прилепчани масовно се одзваа и ја покажаа хуманоста. Собрана е нерасиплива храна во поголма сума. Односно за околу 20 пакети кои Здружението Бадникови поворки до утре ќе им ги распредели на загрозени семејства.
Дечињата што учествуваа во пеењето на божикните песни ЛС на Прилеп ги дарува со пакетчиња.
Ка.М.