Фабрика со лажни сертификати е поставена во казино во Македонија. Таму се нуди коцкање, алкохол и забава, а се даваат и сертификати за негативен брз ковид-тест, тврдат грчките медиуми.
Tелевизијата „Опен“ наведува дека случаите биле откриени кога имало девет позитивни меѓу 45 патници кои биле тестирани на границата помеѓу Македонија и Грција, додавајќи дека некои од казината, на посетителите им даваат „исклучително автентичен документ, без никакво тестирање“.
До Министерството за внатрешни работи досега не е пристигната пријава за казино во Дојран во кое наводно се издаваат фалсификувани ковид-сертификати, известува „360 степени“, повикувајќи се на информации од МВР.