Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сака да ги изнервира Французите кои не се вакцинирани против ковид-19 и што е можно повеќе да го ограничи нивниот пристап до општествениот живот.
– Сакам да ги нервирам невакцинираните. Ќе продолжиме да го правиме тоа до крај – рече Макрон вчера за „Ле Паризиен”, отфрлајќи ја можноста за воведување нови мерки за борба против ковид-19.
Во францускиот парламентот продолжува жестоката расправа за нацрт-законот за сертификатите за вакцинација, откако Франција лани воведе сертификати со кои на лицата со негативен ПЦР-тест и вакцинираните им се дозволува да влегуваат во ресторани, кафулиња и други места, што владата сега сака да го промени и да воведе само сертификати за вакцинација.