Вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и плициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршиле координирана акција за спречување на продавање и употреба на пиротехнички средства на подрачје на град Скопје.
Притоа, на Бит Пазар биле пронајдени и одземени 1828 парчиња разновидни пиротехнички средства.
По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Приведен 24-годишен кумановец, запленети 800 парчиња петарди
Вчера во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(24) од Куманово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 800 парчиња пиротехнички средства – петарди.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.