Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер верува дека претстојната сезона е последна шанса за овој состав да стигне до тронот во НБА лигата.
– Ова може да биде последна можност за сегашниот тим да ја освои НБА лигата. Ќе има многу слободни агенти следното лето. Не знаеме како ќе се одвива трансфер пазарот. Не мислам дека нашите играчи се под голем притисок. Тие треба да се концентрираат на повторно освојување на титулата. Ние сме во одлична позиција. Минатата сезона успеавме да победиме, но тоа беше тешка борба. Нашиот тим веќе се напиша во историја, освојувајќи три од последните четири трофеи – изјави Кер.
Голден Стејт го освои шампионскиот трофеј во 2015, 2017 и 2018 година. До трите титули се дојде по победи во финалните пресметки со Кливленд.