Сите знаат дека консумирањето едно јаболко дневно има голем број на позитивни ефекти врз целокупното здравје на човекот, но што се случува кога ќе изедете портокал?
1. Го зајакнува имунолошкиот систем
Портокаловиот витамин Ц ги штити клетките и ги неутрализира имунолошките закани кои доаѓаат од загадувањето на животната средина и чадот од цигарите и го зајакнува целокупниот имунитет на вируси и инфекции.
2. Го намали ризикот од одредени видови на рак
Благодарение на витаминот Ц, консумирањето портокали може да помогне во борбата против слободните радикали кои можат да предизвикаат рак. Студијата од 2013 година, покажува дека присуството на витамин Ц и фолна киселина во комбинација со антиоксиданси во портокалите може да го намали ризикот од оштетување на ДНК, а со тоа и рак.
3. Ја подобрува состојбата на кожата
Ова слатко и сочно овошје може да биде клучот за вашата чиста кожа. Витаминот Ц директно придонесува за производство на колаген, кој е клучен за зајакнување на кожата.
4. Ќе го подобрите здравјето на срцето
Витаминот Ц не е единствената здрава хранлива материја во портокалите. Во ова овошје има и диететски влакна и калиум, а тие се клучни за подобрување на здравјето на срцето. Диететските влакна значително го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Портокалите имаат приближно 3 грама диетални влакна во еден портокал со средна големина.
5. Го намалува нивото на шеќер во крвта
Друга предност на диеталните влакната кои се наоѓаат во портокалите е способност да го намалат нивото на шеќер во крвта. Ова е исклучително корисно за оние кои имаат дијабетес тип 1 или тип 2, но исто така и за поединци кои се изложени на ризик да развијат висок шеќер во крвта.