Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денека поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на партијата. Николовски во писмената оставка изразува посебна благодарност до претседателот Зоран Заев и на сите членови на партијата.
– Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. После 18 години СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето. Достапноста, чесноста, искрениот и одговорен пристап во работата, држењето до зборот и ветеното, поддршката и залагањето за добри дела за сите без поделби на граѓаните по било која основа остануваат клучни вредности и залагања при вршењето на било која позиција и одговорност. За идните планови секако ќе има време да се размисли и одлучи по празниците – се наведува во писмената оставка.