Македонија има најмал одлив во регионот на дотации кон надвор
Дијаспората во текот на 2020 година испратила 361 милион евра, што е околу 3,4 проценти од БДП на земјава. Сепак тоа е најмалку споредено со земјите од регионот.
Според податоците од Евростат, личните дотации од странство во Србија се околу 7,2 проценти од БДП, во Босна и Херцеговина – 9,3 проценти, Албанија – 9,8 проценти, Црна Гора – 12,5 проценти и Косово – 18,5 проценти од БДП.
И во апсолутни бројки, имаме најмали дотации од дијаспората, споредено со целиот регион. Најголем прилива на средства од странство има Србија – 3,37 милијарди евра, потоа следат Босна и Херцеговина – 1,63, Албанија – 1,27, Косово – 1,25, Црна Гора – 524 милиони и на крај Северна Македонија со 361 милион евра.
Според податоците од Евростат, во рамки на ЕУ најголема зависност од лични дотации од странство во 2020 година имале Хрватска – 7,3 проценти од БДП, потоа Летонија – 3,2 проценти од БДП и Романија – 3,1 процент.
Процентот на зависност од странски дотации, се пресметува како процентот на вкупните лични трансфери во однос на вкупниот БДП на земјата.
Во земјите од регионот најголем одлив (дотации кон надвор) има Србија – 342 милиони евра, а најмал има земјава – 24 милиони евра. По Србија, следат Албанија – 109 милиони евра, Црна Гора – 85 милиони евра, Босна и Херцеговина – 84 милиони евра и Косово – 43 милиони евра.