Една од најголемите мистерии со патувањето на Агата Кристи наскоро доаѓа на големото платно. По модерната екранизација на „Убиство на Ориент Експрес“, „Твентиет сенчури студиос“ повторно ни докажува зошто Херкул Поаро е најдобриот детектив во светот.
Режисерот и главен лик во филмот, Кенет Брана, овој пат приказната од перото на Агата Кристи, инспирирана од нејзиното патување во Египет, ја премести на паробродот „Карнак“ и со познатата фраза „Јас сум детективот Херкул Поаро и ќе го најдам убиецот“ им кажува на сите дека никој не е сигурен, дека сѐ е предмет на преиспитување и бегство не е можно.
Патувањето во Египет на гламурозен пароброд за белгискиот детектив Херкул Поаро се претвора во застрашувачка потрага по убиецот, во моментот кога идиличниот меден месец на совршената двојка завршува трагично. Спротивно на пејзажите на пустината и величествените пирамиди во Гиза, оваа приказна за нескротлива страст и љубомора прикажува беспрекорно облечени патници, но и немилосрдни заплети, кои ќе ја остават публиката во шпекулации докрај, до шокантен исход.
Гал Гадот, Арми Хамер, Роуз Лесли, Расел Бренд и Ема Меки ги играат улогите на таинствени, мистериозни и матни патници на паробродот. Тука е и Боук, помошникот детектив што стои зад нерешениот случај, а го игра младиот британски актер Том Бејтмен, кој своите актерски способности ги докажа во филмот „Убиство на Ориент Експрес“ и „Демоните на Да Винчи“.