Алтернатива да биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство, одлучи вечерва Централниот совет, највисокото тело на партијата. Како што изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани, одлуката била донесена со мнозинство гласови во Централниот совет.
-Пред сѐ треба да се спомене историскиот момент на отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија, кои не се само историски државни цели, туку и албански, затоа што на овој начин заедно со нашата земја на патот кон интеграција и стабилност се отвора патот за целиот регион. Дополнително, се договоривме Владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација, како што се: Монструм, Алфа, Дива населба, Алмир Алиу итн. Договоривме и точки кои се однесуваат на правичниот регионален развој, економскиот развој на Липковско, заштитата на семејството како јадро на општеството, што е нашата основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата, која е исклучително важна во ова време – изјави Муртезани.
Со влегувањето во владата, Алтернатива, како што рече Муртезани, ќе преземе и важни одговорности кои се однесуваат на стратешките интереси од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата.