СПОРЕД БРИТАНСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА

Шефот на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, смета дека Кина и Русија работат на усовршување на вештачката интелигенција на начин што може да доведе до револуционерни промени во геополитиката во следните неколку децении.
Мур наведува дека Западот треба да обрне посебно внимание на заканите од квантното инженерство, огромните складишта на податоци и напредокот во развојот на компјутерите, пренесе „Ројтерс“.
– Нашите противници вложуваат многу пари и амбиции во усовршување на вештачката интелигенција, квантните компјутери и синтетичката биологија, бидејќи знаат дека совладувањето на таа технологија ќе им даде предност – тврди Мур, кој минатата година стана шеф на МИ6.
Според Мур, технолошкиот напредок во следната деценија би можел да го надмине напредокот постигнат во претходните 100 години.
– Како општество мора да го прифатиме овој факт и неговото можно влијание врз светската геополитика – додава Мур.