Министерот за внатрешни работи не одговараше на прашања за автобуската несреќа во Бугарија, на денешната прес-конференција за граѓанскиот буџет на МВР за 2022 година.
Министерот потенцираше дека за таа тема ќе има засебна прес-конференција, за која медиумите ќе бидат известени во текот на денот.
Спасовски порача дека буџетот на МВР за наредната година изнесува 10,4 милијарди денари, со што е испланиран за сите потреби на полицијата.