На улица „Македонија“, во близина на Спомен-куќата на Мајка Тереза, денеска е поставена урбана инсталација „Куќа на иднината“, со цел на еден поинаков начин да им се прикажат на македонските граѓани опциите кои се наоѓаат пред нив на претстојниот референдум.
Акција е дел од граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“
„Куќата на иднината“ се состои од два дела односно две соби. Во едната соба се претставени придобивките кои граѓаните на Македонија ќе можат да ги остварат со членството во Европската унија и НАТО, додека во другата соба е претставен ќорсокакот и нејасната иднина на државата кон која води бојкотот и неизлегувањето на референдумот на 30-ти септември.