Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Пред министерството за одбрана ќе биде организирана официјалната церемонија за пречек на Фон дер Лаин, по што следуваат тет-а-тет средба со министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, разговори на двете делегации и изјавите за медиумите.
Министерките Шекеринска и Фон дер Лаин ќе учествуваат и на панел-дискусија во организација на фондацијата Конрад Аденауер, на тема „Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“.