Од книгата „Бисерчиња од детски главчиња“ на Славка Арсова (13)

Ѕвонко е шестоодделенец во едно основно училиште во градот. Учењето не го привлекува многу. На полугодие имаше од 1 до 5 „шарени оценки“.
Родителите постојано му зборуваат, го советуваат, го караат….
Мајка му, знаејќи ги неговите барања и желби, му рекла:
Ако немаш петки, нема одмор на море.
Поминало подолго време, а оценките исти, само една петка.
– Значи, Ѕвонко, оваа година нема море! – се заканила мајка му.
– Како нема море! Па, далеку е летото. Еее, мамо, уште е зима. Штом дојде јули одиме на море.
– А петките, синко?
– Дотогаш ќе ги купиме, мамо! – на шега ѝ одговорил Ѕвонко.


Коментар:

Не е убаво да се уценуваат децата со „петки“, ниту да се казнуваат ако нема петки. Има многу други форми да се мотивираат
учениците да учат и да добиваат подобри оценки, па и да одат на море!