Според Скендер Реџепи од Алтернатива
Опозиционерите не губат надеж дека до вечер ќе обезбедат мнозинство за да изгласаат недоверба на Владата. Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, не е зачуден од постапката на пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи, кој не се појави на денешната седница.
– Како понатаму, тек ќе видиме. Еден саат пауза. Ние дојдовме да гласаме за паѓање на Владата и нашиот став останува – рече Скендер Реџепи.
Тој нагласи дека не се откажуваат од целта за уривање на владата.
– Ние сме во опозиција и се додека сме опозиција битката ќе ја водиме како опозиција. Ако во иднина има понуда, ќе ја гледаат партиските органи. Наша цел е до 12 часот да ја срушиме оваа власт. Имаме надеж до 12 часот дека може да се направи било што – категоричен е пратеникот на Алтернатива.
Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, преку Фејсбук објави дека на „режимот му доаѓа крајот“, мислејќи на денешното собраниско гласање за недоверба на Владата.
„На режимот му доаѓа крајот! ВРАЌАЊЕ НЕМА!“, порача Таравари.
Моментно има пауза во Собранието.