ЗА ПРВПАТ (LA PRIMA VOLTA)

Минатото лето, фудбалската репрезентација на Македонија за првпат учествуваше на едно Европско првенство. Неколку недели претходно, италијанскиот фотограф Матео де Мајда и новинарот Козимо Бизари ја пропатуваа земјата и ги претставија нејзините жители додека се подготвуваат за еден од најголемите спортски настани во својата историја.

Реализирана со поддршка на Музејот на современа фотографија од Милано (MUFOCO), магазинот Ундичи (Единаесет) и ФФМ, „За првпат“ е репортажа која зборува за спортот и идентитетот и е дел од долгорочниот проект за фудбалската култура во различни земји од светот.

Текстовите напишани од Козимо Бизари и фотографиите реализирани од Матео Де Мајда, од кои дел можат да се видат на оваа изложба, го обиколија светот. Објавени се ширум светот во медиуми како што се „Њујорк тајмс“, „Фајненшл тајмс“, „Шпигел“…

Сликите на Де Мајда во моментов се изложени и во Музејот на современа фотографија во Милано.

Изложбата е во организација на Амбасадата на Италија во Скопје, а ќе може да се посети од 13 до 20 ноември во КИЦ. Влезот е бесплатен.

По затворањето на изложбата во Скопје, истата ќе посети и други градови во Македонија, а потоа, амбасадата на Италија сликите ќе ги подари на спортски институции и фудбалски здруженија од земјава.