Oставката на Заев е иста како и оставката на Венко Филипче. Тој ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност, коментира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека оставката на премиерот сѐ уште не е доставена во Собранието.
– Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност – рече Ковачки.
Тој порача дека Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана, па затоа е време за промени.