Два земјотреса беа регистрирани утринава на македонско-албанската граница и почувствувани во повеќе делови од земјава.
Првиот потрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала беше забележан во 8.05 часот, а вториот со јачина од 4,5 степени, само пет минути подоцна.
Вториот потрес бил на 17 километри североисточно од Центар Жупа, и на 56 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри.
Албанските медиуми известуваат дека силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди утрово Албанија.