Британската полиција соопшти дека убиството врз пратеникот на Конзервативната партија, Дејвид Ејмс е терористички чин.
Првите наоди од истрагата укажуваат на потенцијална мотивација поврзана со исламистички екстремизам.
Ејмс беше убиен со нож додека разговараше со жителите во неговата изборна единица во Есекс.
25-годишник е уапсен на лице место под сомнение дека го извршил убиството, а полицијата соопшти дека не трага по други сторители. Извори од британската влада за Би-Би-Си велат дека уапсениот е со британска националност, но со сомалиско потекло.
Кој беше сер Дејвид Емс?
Тој ги претставуваше ториевците во парламентот речиси 40 години.
69-годишниот политичар, кој во приватниот живот е татко на пет деца првпат влезе во парламентот во 1983 година.
Тој беше израснат во католички дух и беше познат како социјален конзервативец, гласно се бореше против правото на абортус и активно се вклучи во заштитата на благосостојбата на животните.