Холивудската актерка Мелиса Томпсон објави видео со продуцентот Харви Вајнстин, на кое се гледа како тој се однесува на бизнис средба со помлада девојка.
Томпсон е една од десетиците глумици кои го обвинуваат Вајнстин за сексуално вознемирување и дека се обидел да ги искористи, што и се потврдува од видеото. Снимката е од 2011 година, кога актерката имала 28 години.
На него контроверзниот продуцент постојано и дофрла и се обидува да ја допре, а таа за цело време се труди да го оттурне.