Во понеделникот, нашето одлично лево крило, Дејан Манасков, се здобил со сериозна повреда. Прегледите потврдија дека се скинати вкрстените лигаменти, што значи операција и пауза за нашиот ракометар, објави унгарскиот Веспрем на својата клупска интернет-страница, чии бои успешно ги брани македонскиот репрезентативец.
Манасков се повредил на првенствениот меч кој неговиот Веспрем го играл во понеделникот против ККФТ Веспрем и на кој дуел Манасков постигнал девет гола. Искусното лево репрезентативно крило е играч од составот на кој сметаше селекторот Кирил Лазаров за престојното Европско првенство (ЕП), кое в година треба да се одржи во Унгарија и во Словачка.
Г.И.