По вечерашната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Милорад Додик, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, рече дека Дејтонскиот мировен договор речиси и да не постои.
Тој нагласи дека договорот е „уништен со интервенција на меѓународната заедница“.
– Мора да се постигне нов договор. И распаѓањето е некое решение, но јас се залагам за сѐ за тоа да не се случи – рече Додик.
Договорот за мир во Босна и Херцеговина или Дејтонски мировен договор е постигнат во Воената база Рајт-Патерсон во близина на Дејтон, Охајо, САД, на 1 ноември 1995 година и официјално потпишан во Париз, на 14 декември 1995 година. Овој договор стави крај на крвавата Босанска војна, една од Југословенските војни.
Завојуваните страни се согласија на мир и за една суверена држава позната како Босна и Херцеговина составена од два дела, Република Српска и Федерација на Босна и Херцеговина.